Израел: Вакцината на Фајзер е помалку ефикасна при спречување на инфекции

Од:

Израел соопшти за намалена ефикасноста на вакцината на Фајзер/БиоНТек против Ковид-19 при спречување на инфекции и симптоматски заболувања, но исто така наведува дека останува многу ефикасна во спречување на сериозни болести предизвикани од коронавирусот.

Намалувањето на ефикасноста на вакцината се совпадна со проширувањето на делта мутацијата на коронавирусот и укинувањето на ограничувањата за физичка оддалеченост во Израел.

– Ефикасноста на вакцината во спречување на инфекции и симптоматски заболувања се намали на 64 проценти од 6 јуни, објави израелското Министерство за здравство.

Истовремено, вакцината на Фајзер е ефикасна 93 проценти во спречување на хоспитализации и сериозни заболувања од коронавирусот.

Портпарол на компанијата „Фајзер“ одби да ги коментира податоците од Израел, но наведе други истражувања кои покажале дека антителата произведени од оваа вакцина сепак се во можност да ги неутрализираат сите тестирани варијанти на Ковид-19, вклучувајќи ја и делта мутацијата, иако со намалена моќ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“