Кејт Мидлтон е во ковид-самоизолација

Од:

Сопругата на британскиот принц Вилијам – војвотката од Кембриџ, Кетрин Мидлтон е во самоизолација поради контакт со лице заразено со коронавирус, објавија светските новински агенции. Таа ги откажала сите планирани обврски.

„Минатата недела војвотката од Кембриџ разговараше со човек кој подоцна беше утврден како позитивен на Ковид-19“, соопшти палатата Кенсингтон.

Кејт Мидлтон сè уште не покажала никакви симптоми на коронавирусот, но ги следи правилата на здравствените власти. Така, таа мора да остане во изолација 10 дена.

Војвотката од Кембриџ минатата недела учествуваше на неколку настани, а во петокот присуствуваше и на тенискиот турнир Вимблдон. Заедно со нејзиниот сопруг принцот Вилијам, Кејт требаше да присуствува на свеченоста по повод 73-годишнината од отворањето на Британската национална здравствена служба.

Принцот Вилијам не е во изолација. Тој ја надмина Ковид-19 болеста во април.

Би можело да ве интересира

Паника кај персоналот во кралското семејство: Фрчат откази поради доаѓањето на кралот Чарлс

А1он

Писма на Чарлс Трети предизвикаа загриженост: „Се меша“ околу влијанието врз министрите на британската влада

А1он

Вилијам и Кејт преку ноќ станаа милијардери: Добија делови од национален парк, терен за крикет и затвор

А1он

Принцот Вилијам рече дека му е чест што станал принц од Велс

Горан Наумовски

Во јавноста сè најдобро, но зад затворени врати проблеми: Што мислеше кралицата за своето семејство

А1он

Ред на наследување на британската круна откако Чарлс стана крал