Принцот Вилијам рече дека му е чест што станал принц од Велс

Од:

Принцот Вилијам во денешниот разговор со велшкиот прв министер Марк Дрејкфорд изјави дека е почестен што станал новиот принц од Велс, се наведува во соопштение од палатата Кенсингтон.

Вилијам ја презеде титулата, која претходно ја имаше неговиот татко повеќе од 50 години, по смртта на неговата баба кралицата Елизабета Втора минатата недела.

„Принцот ја потврди својата длабока приврзаност, како и на принцезата, кон Велс, бидејќи нивниот прв семеен дом беше во Англеси“ и тие живееја таму првите месеци од животот на принцот Џорџ, се вели во соопштението. „Принцот и принцезата ќе ги поминат следните месеци и години продлабочувајќи ги своите односи со заедниците во Велс. Тие сакаат да ја одиграат својата улога во поддршката на аспирациите на велшкиот народ и да привлечат внимание и на предизвиците и на можностите што претстојат.“ .

Принцот исто така рече дека ќе и служи на земјата „со понизност и длабока почит“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кралското семејство конечно објави фотографија од принцезата Кејт по операцијата

Принцот Вилијам: Сакам да видам крај на борбите во Појасот Газа што е можно поскоро

ВИДЕО: Вилијам и Хари го предводеа историското бдеење на внуците покрај ковчегот на Кралицата

ВИДЕО: Кралот и принцот од Велс ги изненадија луѓето кои чекаат со часови да го видат ковчегот на Кралицата

Катерина Ѓуровски

Уште една љубовница на Чарлс трети почина набргу по принцезата Дијана, заврши трагично

А1он

Паника кај персоналот во кралското семејство: Фрчат откази поради доаѓањето на кралот Чарлс

А1он