Samsung подготвува три различни верзии на Galaxy Note 3, а една од нив ќе биде опремена со флексибилен екран на допир, prenese GSM.
Samsung ќе изработи верзии на Galaxy Note 3 со AMOLED и LCD панели, во зависност од земјата во која ќе се продава телефонот. Производството би требало да започне во август, а првите модели веќе би можеле да ги очекуваме во септември, најверојатно на IFA 2013 во Берлин.
Извештајот вели дека Samsung се одлучил на флексибилен екран за својот „phablet“ откако побарувачката започнала да опаѓа за Galaxy S4.
Иако продажбите на телефонот започнаа одлично и беа продадени над 10 милиони единици во првиот месец, интересот за телефонот на Samsung почна брзо да опаѓа. Samsung најверојатно е мотивиран и од конкуренцијата, бидејќи се шпекулира дека и LG работи на телефони со флексибилни екрани.