Велешани завршија во затворот во Шутка, откако им беше најден хероин во викенд куќа

Од:

Сектор за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против М.А.(51) и  З.Д.(41). Двајцата се од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

„На 29.06.2021 во 18.50 часот, во викенд куќа на место викано „Бојаџиева чешма“, од полициски службеници бил извршен претрес, при што биле пронајдени и одземени 93 грама хероин. На пријавените им е изречена мерка притвор во траење од 30 дена и биле спроведени во Казнено-поправна установа  Затвор Скопје“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Над 100 пакувања кокаин и хероин пронајдени кај скопјанец

Во Косово уапсен македонски државјанин со над шест килограми хероин

Горан Наумовски

Приведена велешанка поради поседување хероин

А1он

Претрес во Скопје, пронајдена дрога

Хероин кој го криеле во хефталка e пронајден кај патници кои патувале од Македонија кон Германија

А1он

Скопски дилери завршија зад решетки во Кочани