Доцна синоќа, започна поставувањето на споменикот „Воин“, на плоштадот Карпошово востание, веднаш пред црквата Св. Димитрија. Споменикот е дел од програмата на општина Центар за одбележување на значајни личности и настани со подигнување нови споменици.
Изработката траеше 2 години во леарница Гуастини, Италија.
Споменикот ќе има и фонтаната во облик на солза, а околу неа треба да бидат поставени скулптури на војници од фалангата и филозофи.
Споменикот „Воин“ со придружните елементи е авторско дело на Валентина Стефановска, која беше автор и на „Воинот на коњ“, поставен на плоштадот Македонија.
Според проектот, „Воинот“ пред Св. Димитрија, треба да биде за неколку метри повисок од спменикот поставен на плоштадот Македонија.