„Победници, чесни, познати, нови“, Мицкоски ги опишуваше кандидати за локални, без имиња

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека кандидати за градоначалници ќе бидат лица кои ќе донесат победа на локалните избори за неговата партија. Тој упати порака до граѓаните да излезат и да гласаат посочувајќи: „добрите луѓе бираат добри политичари, а ако останат дома, добрите луѓе бираат лоши политичари“. Мицкоски посочи дека се разговара со повеќе партии од другите националности, кои не се дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ за заеднички настап на изборите.

„Профилот на луѓето е дека тие се победници, чесни и честити луѓе, кои доаѓаат од општини каде што се познати на жителите на тие општини, луѓе кои се комплетно нови, луѓе кои што за првпат се кандидираат за политичка позиција во општините од каде доаѓаат и луѓе кои се дијаметрално спротивни од актуелната реалност која што ја застапува СДСМ во тие општини преку нивните градоначалници, кои очекуваме да бидат повторени и на овие локални избори. Очекуваме во сите овие 15 општини, кој ќе бидат презентирани, сериозна победа. За имињата и родовата застапеност, ќе почекате“, додаде Мицкоски.

Тој уверува дека ВМРО-ДПМНЕ има повеќе кандидати кои ќе донесат победа на локалните избори во Скопје, но дека ќе го кандидираат тој што ќе донесе најубедлива победа до сега.

„Има многу кандидати кои можат да бидат успешен кандидат и победник на дуелот со Петре Шилегов. Ние сакаме победата да биде најубедлива до сега што се случила и тоа да биде знак дека времето во политиката на политички измамници како профилот на актуелниот градоначалник на Скопје и актуелниот премиер во Влдата е минато. Разговараме со албански, турски, српски, бошњачки, влашки, разговараме и со други политички партии кои не се дел од нашата коалиција. За многу бргу денеска ќе ја дознаете и структурата на политички партии кои ќе го поддржат кандидатот или кандидатката која ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предложи за кандидат за Град Скопје“, рече Мицкоски.

Според Мицкоски, СДСМ може да победи на изборите само доколку дојде со наполнети кутии на гласачки места, но не и на фер и демократски избори.

„Човек кој што е уплашен на три-четири месеци пред избори дава предикции. Не сум убеден дека СДСМ во тие општини ќе биде победник, туку убедливо поразен. Во најголем дел од тие општини кои ги споменавте, доколку изборите бидат фер и демократски. Доколку дојдат наполнети кутии, тоа е единствениот начин СДСМ да биде победник во тие општини“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски