Пендаровски во посета на Хрватска

Од:

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски денеска во Загреб со државни и воени почести беше пречекан од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, со што започна неговата дводневна официјална посета на Република Хрватска.

По тет-а-тет средбата на претседателот Пендаровски со претседателот Милановиќ, делегациите на Република Северна Македонија и Република Хрватска одржаа пленарен состанок за време на кој беа потврдени искрените пријателски односи и плодниот политички дијалог меѓу двете држави. Притоа, беа разменети мислења за повеќе аспекти од билатералните односи, беше реафирмиран константниот интерес за нивно натамошно продлaбочување, а покрај останатото, соговорниците разгледаа и прашања од значење за европската иднина на Република Северна Македонија и регионот на Западен Балкан.

Хрватска е постојан поддржувач на нашите европски интеграции и за време на посетата на претседателот Пендаровски се очекува да биде реафирмирана поддршката за Северна Македонија да ги почне пристапните преговори со Европската Унија.

Претседателот Пендаровски денеска ќе оствари средби и со претседателот на Парламентот на Република Хрватска, Гордан Јандроковиќ и со претседателот на Владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ.

 

Би можело да ве интересира

Брза помош во Хрватска ја остави починатата германска туристка на улица и замина

ВИДЕО: Обезбедувачи претепаа словенечки туристи на плажата во Умаг, меѓу нив и девојка

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Голем пожар во Хрватска, гасат канадери и 150 пожарникари

Наместо воздушнo перниче, во автомобилот на 62 годишен Хрват откриени 4,3 кг кокаин

А1он

Oслободен од турски затвор е хрватски морнар осуден на 30 години затвор, на бродот му најдоа 137 кг кокаин

А1он

Три децении од воената операција „Олуја“, антивоена акција на плоштадот „Бан Јелачиќ“ во Загреб

Горан Наумовски