Советот за жалби при Врховниот суд ја одби како неоснована жалбата на Лидија Неделкова

Од:

Советот за одлучување по жалби при Врховниот суд на Република Северна Македонија ја одби како неоснована жалбата на Лидија Неделкова и го потврди решението од 1 март годинава за нејзино разрешување од вршење на судиска функција.

– Советот за одлучување по жалби при Врховниот суд на Република Северна Македонија на денешната седница расправаше по повод жалбата на Лидија Неделкова, судија на Врховниот суд на Република Северна Македонија, изјавена против одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр.10-10/20 од 01.03.2021 година, за нејзино разрешување од вршење на судиска функција. На истата седница, Советот за одлучување по жалби донесе одлука со која што жалбата на жалителот ја одби како неоснована и го потврди решението на Судскиот совет на Република Северна Македонија бр.10-10/20 од 01.03.2021 година, се вели во соопштението објавено на веб страната на Врховниот суд.

Претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев, по завршувањето на седницата на која едногласно беше донесена одлуката, одговарајќи на новинарско прашање зошто е разрешена судијката Лидија Неделкова, рече дека причините се „ненавремено, немарно и несовесно извршување на нејзините работни обврски и повреда на Судскиот деловник, односно Кодексот за судиска етика“.

Барањето за разрешување на врховната судијка Лидија Неделкова беше поднесено од поранешниот претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски за поведување постапка за утврдување одговорност на Неделкова како судија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако до Нова година нема чекори за борба против корупцијата за еклатантни примери на криминал ние ќе тргнеме во одлучна акција која ќе направи коренити промени во правосудството

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа

После локалните избори, треба една сериозна робусна акција да се направи во судството и обвинителството, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Поништена пресудата со која на мајката Невена и беше одземено детето, Врховниот суд контра корумпираното судство

Предраг Петровиќ

По заканите Петровска побарала обезбедување, пред неа истиот се заканувал и на судијка

Предраг Петровиќ