Голем хендикеп за Хрватска: Перишиќ позитивен на тестот за коронавирус пред осминафиналето со Шпанија

Од:

Хрватскиот фудбалски репрезентативец Иван Перишиќ има позитивен тест на коронавирус, се наведува на официјалната веб-страница на Хрватскиот фудбалски сојуз.

Медицинските служби на националниот тим го изолираа Перишиќ од другите членови на тимот. Триесет и двегодишниот фудбалер ќе помине 10 дена во самоизолација и нема да учествува на натпреварите на хрватската репрезентација. Сите други репрезентативци на „коцкестите“ имаа негативни тестови.

На трите натпревари од групната фаза, Перишиќ постигна два гола и направи една асистенција. Тој беше еден од најдобрите и затоа неговото отсуство е голем хендикеп за Хрватска која во осмина финалето на ЕВРО ќе се сретне со Шпанија.

Средбата ќе се одржи утре (28 јуни) во Копенхаген со почеток во 18 часот.

Би можело да ве интересира

Саутгејт: Англија треба да го освои Светското првенство за да го заборави неуспехот во финалето на Еуро 2020

А1он

Шкотски весник предлага Манчини да биде прогласен за почесен граѓанин на земјата

Ана Ололовска

Донарума за последниот пенал во финалето: Не славев затоа што не знаев дека победивме

Ана Ололовска

ВИДЕО: Хаос во Лондон по финалето на ЕУРО, повредени 19 полицајци, уапсени 49 лица

ВИДЕО: Италијанците го донесоа европскиот пехар во Рим

Катерина Ѓуровски

Италија нов европски шампион во фудбал

A1on