Италија преку Австрија до четвртфиналето на ЕУРО 2020

Од:

Италија ја совлада вечерва Австрија со 2:1 по продолженија, откако натпреварот во регуларниот дел заврши без голови, и за противник во четвртфиналето на Европското првенство го чека победникот од утрешниот дуел меѓу Белгија и Португалија.

Со триумфот над Австријците на стадионот „Вембли“ во Лондон составот на Роберто Манчини постави нов италијанскиот рекорд од 31 натпревари во серија без пораз, забележувајќи ја, притоа, 12. победа во низа.

Италија беше поконкретна во првото полувреме, но Никола Барела пропушти идеална шанса да ги доведе Азурите во водство, а обидот на Чиро Имобиле заврши во стативата.

Второто полувреме донесе поинаква слика на теренот и неколку неискористени шанси за гол на австриската репрезентација.

Најпрво капитенот Давид Алаба за неколку сантиметри биеше непрецизно од слободен удар во 52 минута, а голот на Марко Арнаутовиќ во 66 минута беше поништен поради офсајд.

Италијанците дојдоа во водство во 95 минута преку Федерико Киеза, а на истекот на првото продолжение Матео Песина зголеми на 2:0. До крајот на натпреварот Австрија успеа само да ја намали негативата преку Саша Калајџиќ во 114 минута.

Би можело да ве интересира

Саутгејт: Англија треба да го освои Светското првенство за да го заборави неуспехот во финалето на Еуро 2020

А1он

Шкотски весник предлага Манчини да биде прогласен за почесен граѓанин на земјата

Ана Ололовска

Донарума за последниот пенал во финалето: Не славев затоа што не знаев дека победивме

Ана Ололовска

ВИДЕО: Хаос во Лондон по финалето на ЕУРО, повредени 19 полицајци, уапсени 49 лица

ВИДЕО: Италијанците го донесоа европскиот пехар во Рим

Катерина Ѓуровски

Италија нов европски шампион во фудбал

A1on