Лукашенко ќе ги пушта мигрантите слободно да влегуваат во ЕУ, за инает на Брисел

Од:

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко предупреди дека неговата земја повеќе нема да се обидува да го запре приливот на илегални мигранти во Европската унија.

Тој, меѓу другото, тоа го изјави по повод новите санкции на ЕУ и САД против Белорусија поради приземјувањето на патничкиот авион на „Рајанер“ и апсењето на новинарот Роман Протасевич минатиот месец.

Лукашенко ги нарече санкциите „хибридна војна“ на Западот против Белорусија и ги предупреди своите соседи од ЕУ – Летонија, Литванија и Полска да не очекуваат белоруските власти да ги запрат илегалните мигранти да ги преминат нивните граници.

– Тие бараат од нас да ги заштитиме од шверц и дрога. Само да ве прашам, дали сте луди? Вие започнавте хибридна војна против нас и сега барате да ве заштитиме, како што тоа го правевме порано, истакна Лукашенко.

Претходно овој месец, литванските власти ја обвинија Белорусија дека им дозволува на мигрантите да ја преминуваат заедничката граница.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Малолетник од Скопје шверцувал седум мигранти од Египет

Горан Наумовски

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки