Пандев испратен со солзи и гордост, Барди вели: Секогаш ќе ни фали, тој е најдобриот во нашата историја

Од:

Во две величествени децении во црвено-жолтиот дрес, Горан Пандев вечерва го одигра последниот натпревар за македонската репрезентација. Тој им посака успех на своите досегашни соиграчи во идните квалификациски циклуси.

– Чест и гордост беше за мене да го носам македонскиот дрес изминатите 20 години. Изборивме пласман на Европското првенство и вечно ќе се сеќавам на овој успех со репрезентацијата. Срцето ми е полно. Нема поубаво чувство да играш на големо натпреварување во светиот дрес. Одлуката за крај со репрезентативните настапи е конечна. Не можам да играм, а да не го дадам максимумот. Чувствувам дека играњето на два фронта за мене на 38 години е невозможно. Во иднина ќе навивам за овие момци и убеден сум дека имаат квалитет да се пласираат на светското првенство, изјави Пандев.

Најдобриот играч во историјата на македонскиот фудбал забележа 122 настапи во дресот со македонскиот грб, во кои постигна 38 голови.

Значењето на Бате Горан за македонската репрезентација се обиде да го отслика Енис Барди, кој рече дека Пандев многу ќе недостига во иднина.

– Цел живот ќе ни биде во глава ова ЕП. Искуство што го стекнавме треба да не носи напред и да ни дава сила во обидите повторно да направиме ваков успех. Сонот на сите нас беше да дојдеме овде и да докажеме дека Македонија има квалитетни играчи. Натпреварот со Холандија изобилуваше со многу емоции поради пензионирањето на Горан Пандев, затоа што знаеме кој е Горан и што значеше за оваа репрезентација. Ќе ни фали секогаш. Тој е најголемиот играч во историјата на македонскиот фудбал. Ние сите треба да продолжиме по неговиот пат. Тој беше пример за сите нас. Сега треба да се одмориме, а потоа на работа со цел да се вратиме меѓу европската елита, изјави Барди.

Македонската репрезентација вечерва загуби од Холандија со 3:0 и во групната фаза ги заврши настапите на ЕВРО 2020.

Би можело да ве интересира

Повредата не е сериозна – Пандев ќе паузира една недела

А1он

Пандев: Ова ми е последна сезона, во јуни во пензија

Катерина Ѓуровски

Канатларовски: Заслуживме бод, момците одиграа многу храбро и со голема пожртвуваност

Ана Ололовска

ВИДЕО: Фудбалерите со „Земјо Македонска“ го прославија пласманот во баражот за СП 2022

Ана Ололовска

Милевски: Фудбалерите ја оправдаа довербата, имаме потенцијал уште да напредуваме

Ана Ололовска

Пендаровски им честиташе на фудбалерите за победата против Исланд

Ана Ололовска