УЕФА го суспендираше Арнаутовиќ за навредите кон Алиоски

Од:

Австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ доби суспензија од еден натпревар поради навредите упатени кон македонскиот фудбалер Езѓан Алиоски на мечот меѓу Австрија и Македонија.

Тој нема да биде во тимот на Австријците за утрешниот дуел против Холандија, откако УЕФА одлучи да го суспендира еден натпревар.

Арнаутовиќ со гестикулации, но и со навредливи зборови, му се нафрли на Алиоски по постигнувањето на третиот гол за Австрија на натпреварот против Македонија во првото коло од Европското првенство, што предизвика многу реакции кај нашите навивачи.

Би можело да ве интересира

Саутгејт: Англија треба да го освои Светското првенство за да го заборави неуспехот во финалето на Еуро 2020

А1он

Шкотски весник предлага Манчини да биде прогласен за почесен граѓанин на земјата

Ана Ололовска

Донарума за последниот пенал во финалето: Не славев затоа што не знаев дека победивме

Ана Ололовска

ВИДЕО: Хаос во Лондон по финалето на ЕУРО, повредени 19 полицајци, уапсени 49 лица

ВИДЕО: Италијанците го донесоа европскиот пехар во Рим

Катерина Ѓуровски

Италија нов европски шампион во фудбал

A1on