Кавалери од ЕМА реагира дека бил погрешно цитиран: Вакцината на „АстраЗенека“ е добра за сите возрасти

Од:

Марко Кавалери, шеф на работната група за коронавирус во Европската агенција за лекови, рече дека вакцината „Астра зенека“ има далеку поголема корист во однос на ризикот за сите возрасни групи, особено за луѓето постари од 60 години.

Италијанскиот весник „Ла Стампа“ претходно го цитираше Кавалери, кој, наводно, рекол дека вакцината на „Астра зенека“ треба да се избегнува за лица постари од 60 години, поради страв од ретки случаи на згрутчување на крвта.

„За жал, моите зборови не беа добро интерпретирани во интервјуто за ‘Ла Стампа’. Вакцината на „Астра зенека“ има многу повеќе придобивки отколку ризици за луѓето од сите возрасти, а особено за луѓето постари од 60 години“, изјави Кавалери за „Ројтерс“.

Позицијата на Европската агенција за лекови е дека вакцината на „Астра зенека“ е безбедна и може да ја користат граѓани постари од 18 години, објави „Ројтерс“.

„Ла Стампа“ го смени насловот на статијата на својата веб-страница и додаде објаснување. Главниот уредник на италијанскиот весник, Масимо Џанини, немаше коментар, додава „Ројтерс“.

Би можело да ве интересира

Би-Би-Си: Групна постапка против компанијата AstraZeneca поради „неисправна“ вакцина

Организации на потрошувачи: ЕМА да се ангажира повеќе околу недостигот на антибиотици

Ана Ололовска

ЕУ го одобри Евушелд на Астра Зенека за лекување на Ковид-19

А1он

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

ЕМА: Не знаеме какви соеви на Ковид-19 ќе се појават зимава

А1он

Одобрена вакцина против мајмунски сипаници