Би-Би-Си се извини на гледачите: Простете поради потресните сцени од борбата за животот на Ериксен

Од:

Британската станица Би-Би-Си им се извини на гледачите што ја гледале потресната сцена од борбата за животот на Кристијан Ериксен за време на преносот на натпреварот Данска – Финска, што го емитуваше оваа телевизија.

Многу обожаватели и гледачи ширум Европа ги осудија организаторите на преносот кои скоро цело време го снимаа онесвестениот Ериксен и неговата борба за живот.

Британската Би-Би-Си беше една од телевизиите што имаше директен пренос од „Паркен“, а го следеа милиони луѓе ширум светот.

Гледачите можеа да ги видат расплаканите играчи на Данска кои стоеа над нивниот пријател и соиграч, неподвижното тело на Ериксен во еден момент, како и лекарите кои со голем напор се бореа за неговиот живот. Дури и сите во еден момент мислеа дека нема спас за фудбалерот.

Вознемирувачки сцени го обиколија светот со молскавична брзина, а Би-Би-Си е една од првите ТВ-станици што испрати извинување, пренесуваат данските медиуми.

Би можело да ве интересира

Саутгејт: Англија треба да го освои Светското првенство за да го заборави неуспехот во финалето на Еуро 2020

А1он

Шкотски весник предлага Манчини да биде прогласен за почесен граѓанин на земјата

Ана Ололовска

Донарума за последниот пенал во финалето: Не славев затоа што не знаев дека победивме

Ана Ололовска

ВИДЕО: Хаос во Лондон по финалето на ЕУРО, повредени 19 полицајци, уапсени 49 лица

ВИДЕО: Италијанците го донесоа европскиот пехар во Рим

Катерина Ѓуровски

Италија нов европски шампион во фудбал

A1on