Буфон се договорил со Парма

Од:

Прославениот италијански голман Џанлуиџи Буфон кариерата ќе ја продолжи во Парма.

– Четириесет и тригодишниот Буфон се согласи на двегодишен договор, напиша на Твитер инсајдерот Николо Шира.

Буфон го напушти Јувентус ова лето поради истекот на договорот.

Тој дебитираше во Парма во ноември 1995 година на возраст од 17 години, 9 месеци и 22 дена, играјќи 0:0 против Милан.

На крајот на сезоната 2020/21, Парма испадна во Серија Б. Буфон има искуство со играње во втората лига на Италија: сезоната 2006/07 во Серија Б тој бранеше за Јувентус, кој беше „исфрлен“ од елитата по истрага за корупција.

Би можело да ве интересира

Буфон: Бев зависник, цело време се обложував

А1он

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

Џанлуиџи Буфон е новиот тим менаџер на италијанската фудбалска репрезентација

Легендарниот голман реши да се пензионира на 45 години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска