ЕУРО2020: Дебитантот Финска ја изненади Данска во Копенхаген

Од:

Финската фудбалска репрезентација, која заедно со македонската, се единствените дебитанти на ЕУРО2020, приреди вечерва големо изненадување совладувајќи ја Данска во Копенхаген со 1:0 (0:0) во натпревар од првото коло во групата Б.

Првиот гол во историјата за Финска на Европските првенства го постигна Јоел Похјанпало по еден час игра на стадионот „Паркен“.

Заслугите за големиот триумф на Финците одат и на адреса на голманот Лукас Храдецки, кој во 74 минута го одбрани ударот од белата точка на Пјер-Емил Хјолберг.

Резултатот од скандинавската пресметка, сепак, остана во сенка на шокантните сцени што се случуваа во финишот на првото полувреме, кога данскиот фудбалер Кристијан Ериксен колабираше на теренот и по десетминутна интервенција на лекарскиот тим беше пренесен во болница.

Последните информации говорат дека Ериксен е во стабилна здравствена состојба, а данските медиуми вечерва објавија дека 29-годишниот фудбалер на Интер разговарал со лекарите и сопругата во болницата во Копенхаген каде ќе биде подложен на детални испитувања.

Би можело да ве интересира

Саутгејт: Англија треба да го освои Светското првенство за да го заборави неуспехот во финалето на Еуро 2020

А1он

Шкотски весник предлага Манчини да биде прогласен за почесен граѓанин на земјата

Ана Ололовска

Донарума за последниот пенал во финалето: Не славев затоа што не знаев дека победивме

Ана Ололовска

ВИДЕО: Хаос во Лондон по финалето на ЕУРО, повредени 19 полицајци, уапсени 49 лица

ВИДЕО: Италијанците го донесоа европскиот пехар во Рим

Катерина Ѓуровски

Италија нов европски шампион во фудбал

A1on