Продолжи натпреварот Данска – Финска

Од:

Натпреварот во рамки на ЕУРО2020 меѓу репрезентациите на Данска и Финска продолжи вечерва во 20:30 часот по 90-ет минутен прекин, откако данскиот фудбалер Кристијан Ериксен колабираше на теренот во финишот на првото полувреме.

На барање на двете репрезентации, откако пристигнаа вести дека Ериксен е во стабилна здравствена состојба, УЕФА даде согласност по вечерашниот итен состанок најпрво да се доиграат преостанатите пет минути од првото полувреме, по што ќе следи петминутна пауза пред стартот на второто полувреме.

Воведниот натпревар во рамки на групата Б на ЕУРО2020 беше прекинат во 41. минута кога Ериксен одеднаш колабираше на теренот, а лекарската служба веднаш почна со негова реанимација.

Додека траеше лекарската интервенција, соиграчите го опкружија телото на Ериксен за да ги спречат камерите да снимаат, но можеше да се забележи дека медицинскиот тим е во постапка на реанимација.

Данските и финските репрезентативци, како и навивачите, останаа шокирани од сцените, а на лицата на многумина можеа да се забележат и солзи.

Би можело да ве интересира

Саутгејт: Англија треба да го освои Светското првенство за да го заборави неуспехот во финалето на Еуро 2020

А1он

Шкотски весник предлага Манчини да биде прогласен за почесен граѓанин на земјата

Ана Ололовска

Донарума за последниот пенал во финалето: Не славев затоа што не знаев дека победивме

Ана Ололовска

ВИДЕО: Хаос во Лондон по финалето на ЕУРО, повредени 19 полицајци, уапсени 49 лица

ВИДЕО: Италијанците го донесоа европскиот пехар во Рим

Катерина Ѓуровски

Италија нов европски шампион во фудбал

A1on