Како план Северна Кореја да стане светска топ туристичка дестинација, Ким Џонг Ун нареде индустрискиот дел на градот Вонсана и старото пристаниште да стане летно одмаралиште со прекрасни плажи.
Во мај годинава Ким Џонг Ун лично го посети местото на кое што се прави скијалиште, за да даде поддршка на војниците-градители, кои треба да направат стаза во должина од 110 километри.
Во таа прилика даде наредба да побрзаат со работата за да гостите веќе од оваа сезона започнат да го користат.
Но тоа не е се. Очигледно незадоволен од бројните места на кои странските гости може да се одмораат во текот на летото, тој одлучи градот на морето Вонсан да го направи во атрактивно место за туристите и наместо пристаниште на истиот простор да направи јавни плажи.
Во градот ќе се наоѓаат и места за забава, како и се што е потребно за сместување на туристите кои во текот на летото ќе доаѓаат.
Елена Георгиевска