Емирот од Катар го смени долгогодишниот премиер

Од:

Новиот емир од Катар, шеик Тамим бин Хамад ал Тани го смени досегашниот долгогодишен премиер Хамад бин Јасин ал Тани, само 24 часа откако го наследи својот татко, досегашниот емир шеикот Хамад.

Нов премиер на Катар е шеик Абдала бин Насер бин Калифа ал Тани.

Таквата смена беше очекувана и таа не претставува изненадување и покрај големите заслуги и успехот, посебно на дипломатски план, на досегашниот премиер кој во исто време беше и министер за надворешни работи.

Во рамките на владината реконструкција, новиот премиер, калиф ал Тани е именуван и за министер за внатрешни работи.

За нов шеф на дипломатијата е поставен Хамид ал Атијах. Смената е извршена и во раководењето на министерството за финансии.

Во првото обраќање до нацијата, новиот 33-годишен емир ги пофали достигнувањата на својот татко во изминатите години, како „чудесни резултати“, најавувајќи дека ќе продолжи да ја следи патеката по која татко му го водеше Катар од 1995 година.

На меѓународен план тој се спротивстави на делбите во арапското општество врз верска основа. Семејството ал Тани управува со Катар, најголемиот извозник во светот на течен природен гас, речиси 150 години.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: На барање од САД, Катар го протерува Хамас

Катерина Ѓуровски

Катар: Ќе продолжиме финансиски да ги поддржуваме нашите браќа и сестри во Палестина

ВИДЕО: Германскиот претседател го оставија половина час да чека на жешкото сонце во Катар

Катар: Копнената инвазија на Газа ќе има катастрофални последици за регионот

Катерина Ѓуровски

Откриено ново наоѓалиште на природен гас на Кипар

А1он

Европратениците усвоија Резолуција со која не се дозволува пристап на катарски лобисти до Европарламентот