Тешко повреден велосипедист-тинејџер од Битола, 21-годишен возач го удрил со „Мерцедес“

Од:

Вчеравечер во Битола се случила тешка сообраќајна несреќа во која е повредено 16-годишно момче од градот, кое додека се движело на велосипед, било удрено од автомобил „Мерцедес“, возен од 21-годишен жител на селото Долно Оризари.

„На 08.06.2021 во 21.20 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од ул.„Партизанска“ и ул.„Ѓорѓи Наумов“ во Битола, патничко моторно возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од И.Т.(21) од Долно Оризари удрило во велосипед управуван од 16 – годишен битолчанец“, се вели во полициското соопштени.

Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола, додаваат од полицијата.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсени се две лица, одземено е товарно возило, запленета е стоката

МВР: На социјалните мрежи се појавија лажни објави за телефони, апелираме да не кликнувате на такви објави

За 48 часа МВР „подели“ 1.293 казни на возачи и пешаци

Двајца пијани возачи уапсени во Ресен и во Битола

Во акција на МВР и АНБ: Запленето електронски докази, оружје и куршуми

Нападнат полицаец на Водно