Силното невреме што денеска го зафати регонот на Пожега во Хрватска предизвика поплави. Наноси од кал кои се слевале од околните брда носеле ѓубре, канти и гранки кои останеле во дворвите од куќите.
Едно семејство морало да биде евакуирано, а во некои места полавени се дворовите и подрумите. Проблеми има и на патиштата на кои има наноси од кал. Властите соопштија дека се анагажирни сите служби за санирање на направените штети.
„Вакво нешто не паметиме, како пола шума да се слеа во нашите дворови“ – сведочат локалните жители.
Невреме со силен дожд кои предизвикаа проблеми во сообраќајот попладнево имаше и во Србија.