Хрватска почна со испорака на донирани вакцини во БиХ, Црна Гора и Косово

Од:

Хрватското Министерство за здравство потврди дека почнала испораката на донацијата од 50.000 дози вакцини против Ковид-19 во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Република Косово.

Донацијата ќе биде доставена во рок од четири дена, до 7 јуни, и содржи вкупно 50.000 дози вакцини, од кои 30.000 дози се наменети за БиХ.

По десет илјади дози одат во Црна Гора и Република Косово, одлучи владата пред еден месец во Одлуката за испраќање хуманитарна помош во БиХ, Црна Гора и Република Косово.

Од 30 000 дози на вакцини Астра Зенека за БиХ, 15.000 дози се наменети за Универзитетската клиничка болница во Мостар, а останатите 15.000 дози за соодветни здравствени установи во БиХ.

Министерството за здравство наведува дека примателот не сноси никакви трошоци поврзани со испораките и дека финансиските средства се обезбедени од државниот буџет на Република Хрватска за 2021 година и проекциите за 2022 и 2021 година.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата