АјФон 5 е најбавниот смартфон меѓу најпродаваните апарати во Велика Британија, соопшти регилаторно тело одговорно за квалитетот на производите на пазарот.
Техничките тестови кои ја мерат брзината на процесорите и меморијата го ставија ајФон 5 на последното место на листата, на која се наоѓаат седум најпопуларни смартфони во Британија.
Смартфонот на „Епл“ е побавен од апаратите на „Самсунг“, како и мобилните телефони на „Сони“, ХТЦ, „Гугл“ и „БлекБери“, кога станува збор за игри, манипулации со фотографии и користење на апликации.
На прво место се наоѓа Самсунг галакси Ѕ4, кој е речиси двојно побрз од ајФонот, врз основа на тестовите извршени од регулаторното тело и кои се признати од страна на индустријата.