Меркел ја откажа посетата во Хрватска

Од:

Германската канцеларка, Ангела Меркел ја откажа посетата на Хрватска, по повод свеченоста за влезот на државата во ЕУ. Официјално причината за откажување се уште не е соопштена.

Според „Дневник.хр“ до откажување на посетата на „најмоќната политичарка на светот“ дошло во последните 24 часа.

Тие сметаат дека не посоти сомнеж дека недоаѓањето е порака до Загреб поради усвојувањето на законот со кој ќе се спречи испорачување на Јосип Перковиќ на Германија.

Против него во Германија се води процес поради убиство на хрватски дисиденти во текот на комунизмот.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик