Данска не попушта пред УЕФА, нема да дозволи руски навивачи во земјата

Од:

УЕФА денеска соопшти дека не успеала во преговорите со Данска, која одбива да им дозволи влез во земјата на руските навивачи да го следат натпреварот на нивниот национален тим против данската репрезентација што во рамки од групната фаза на претстојното ЕУРО 2020 ќе се игра во Копенхаген.

Поради патните рестрикции и протоколите поврзани со Ковид-19 што се на сила во нордиските земји, на странските државјани надвор од Европската унија не им е дозволен влез во Данска, а тоа се однесува и на руските навивачи, кои веќе имаат купено билети за натпреварот во Копенхаген.

УЕФА се обиде да издејствува компромисно решение со данските власти, откако такво барање на нејзина адреса пристигна од Русија.

– Ве замолуваме веднаш да ги разгледате сите можности за доаѓање на наши навивачи на натпреварот и да предложите механизам за решавање на оваа ситуација, наведе претседателот на Руската фудбалска федерација Александар Алајев во писмото до директорот на УЕФА за ЕУРО2020, Мартин Кален.

УЕФА соопшти дека не постигнала договор со данската страна, додека паралелно со ова, властите во Копенхаген порачаа дека ограничувањата што се на сила за влез на руски државјани во земјата не е политички мотивирана.

Би можело да ве интересира

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари

Детали за навивачката тепачка во Осиек: Пријавени се 67 Полјаци, еден тешко повреден

Предраг Петровиќ

Данска: Победата на Украина во војната со Русија нема алтернатива

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Дортмун се истепаа англиските и холандските навивачи

ВИДЕО: Во Данска се гради најголемиот подводен тунел во светот

Пијаниот маж кој ја нападна данска премиерка заврши во притвор