Во Крива Паланка реализиран тренинг од ФИБА проектот „Нејзиниот свет, нејзини правила”

Од:

Во основното општинско училиште „Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка се одржа кошаркарски тренинг за промоција на женската кошарка во организација на Кошаркарската федерација на Република Северна Македонија.

Тренингот е дел од проектот „Нејзиниот свет, нејзините правила“. На тренингот, што се реализира во соработка со училиштето и Кошаркарски клуб „Крива Паланка” беа опфатени четириесет девојчиња на возраст од осум до девет години, кои се вклучија во кампањата за промоција на овој спорт што се одвива под покровителство на ФИБА.

-Ние како федерација досега ги реализиравме поголемиот дел од активности во Скопје и ширум државата во рамки на поставените приоритети на проектот, тренинзи, кампањски активности, турнир 3×3, мини баскет, настани како денешниот, со цел да ја промовираме и популаризираме портокаловата топка меѓу најмалите девојчиња. Ова се постигнува со присуство на нашите кошаркарски амбасадори Јелена Антиќ, Едина Муса, Јована Петрушевска, Симона Деловска и Нена Трајческа, кои се вклучени во сите наши активности поврзани со овој исклучително значаен проект во европски рамки, вели координаторот за млади категории во КФСМ, Мирко Ивановски.

Школските активности беа поддржани од тренерите Мирослав Ивановски, Марија Петровиќ и Виктор Петровски од КК Крива Паланка, претставници од Федерацијата и со медиумска поддршка.

-Проектните активности, освен во Скопје, се проширени во повеќе градови низ нашата земја, во источниот во Пробиштип, Штип, Македонска Каменица, Крива Паланка, во средишниот Кавадарци, на западот, Битола ,Прилеп и Струга, на југот Валандово, на север во Куманово. Сите имаат за цел да ја промовираат кошарката на жените и девојчињата и да се поттикнат што поголем број девојчиња да се вклучат во тренажен процес на овој популарен спорт, додаде Ивановски.

Проектот е планирано да заврши со фестивал, што зависно од здравствената ситуација, ќе се одржи во Скопје, во градскиот парк, со активности како 3×3, минибаскет, фитнес тренинзи за најмладите возрасни категории на кошаркарки од основните училишта од целата држава и мотивациски говори од нашите кошаркарски амбасадори.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден рудар од Крива Паланка

Во несреќен случај загина маж од Крива Паланка

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот