Заработува милиони од скршени екрани на iPhone

Од:

Милиони Американци поседуваат iPhone, а телефонот има една голема мана – многу лесно кршливо заштитно стакло.

А токму тој недостаток на гаџетите го искористи 25-годишен дечко кој оформи компанија која ги поправа тие искршеници.

Компанијата на младиот А.Џ. Форсајт, iCracked, е специјализирана само за една работа – искршени стакла од мобилните телефони. Во 2012 година компанијата имаше заработка нешто повеќе од 2 милиони долари, а сопствениците на истата рекоа дека за оваа година очекуваат профит од повеќе од 10 милиони долари.

Компанијата веќе дејствува во 11 американски сојузни држави и настојува својата дејност да ја прошири на други територии. Луѓето кои работат во iCracked гарантираат брза и квалитетна поправка од која веќе има милиони задоволни клиенти.

Огорчена од конкуренцијата, компанијата Apple која ги произведува iPhone уредите неодамна иницираше реставрација на заштитното стакло, но, од iCracked воопшто не се загрижени, бидејќи сметаат дека во Apple се доста бавни со поправките, а и доста скапи.

Просечната цена на поправка на заштитното стакло од еден мобилен телефон е помеѓу 190 и 220 долари.

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

A1on

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Страница на која може да проверите дали Вашиот мобилен е украден

Наум Локоски

„Онор 6 Икс“ – смартфон од 240 евра што го нуди искуството на „Ајфон 7“

Емир Латифовиќ

„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси“ A3, A5 и А7

Емир Латифовиќ