Владата на Индија побара од социјалните мрежи да ја отстранат целата содржина во која се споменува „индиската варијанта“ на коронавирусот.
Министерството за информатичка технологија вели дека Светската здравствена организација ја класифицира оваа варијанта под шифра Б. 1.617 и оти е „неточно“ да се нарекува „индиска“.
Не е невообичаено варијантите на коронавирусите да се опишуваат со географски одредници, како што се британските и бразилските соеви.
Од почетокот на пандемијата во Индија вкупно има 26,3 милиони заразени, со што земјата е втора во светот по САД, додека вкупниот број на смртни случаи изнесува 295.525.