Анкета: 69,4 отсто од Хрватите сметаат дека државата се движи во погрешна насока

Од:

Една недела пред официјалното членство на Хрватска во Европската унија, 69,4 отсто од Хрватите продолжуваат да сметаат дека државата се движи во погрешна насока. Со спротивен став се 22,4 отсто, се вели во анкета на агенцијата Кробарометар.

Резултатите укажуваат дека мнозинството од граѓаните и понатамусе незадоволни од политиката на Владата. Во споредба со претходни анкети, малку е зголемен бројот на оние што даваат поддршка за Владата.

Според последнава анкета, граѓаните даваат оценка од 3,39 (од 1 до 5) за работата на претседателот Иво Јосиповиќ, за Владата оценка од 2,31 и за парламентот оценка од 2,01.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски