Австрискиот канцелар, Себастијан Курц и вработени во неговиот кабинет добиваат смртни закани. По заострувањето на политичката ситуација во земјата по објавата дека против Курц е покрената истрага за наводни лажни изјави пред истражниот комитет во врска со случајот „Ибица“ заканите зачестиле.
Последната ваква закана дошла како разгледница на кое непознато лице се заканува со убиство на Курц.
Исто така искажувањето солидарност со Израел предизвика лавина реакции и закани кон Курц и неговиот тим испратени на мејл. Во нив се вели „Треба да бидете убиени, пријатели на Евреите“.
Властите ја истражуваат секоја закана стигната во кабинетот на премиерот и се обидуваат да откријат од кого е испратена. Од полицијата велат дека критиките се важни за демократијата во земјата, но дека ваквите закани се кривично дело.