Дeвиантен пар со години дрогираа и сексуално злоставуваа болно момче

Од:

Австралиската двојка Пол (50) и Џулија Бамфорт (49) се соочуваат со дури 146 обвиненија откако пет години садистички сексуално злоставуваа, дрогираа и снимаа момче со когнитивно хендикеп.

На нивното судење, тие се изјаснија за виновни во врска со ужасната сексуална злоупотреба на момчето помеѓу 2015 и 2021 година, кога полицијата упадна во нивниот дом во Нарара, Нов Јужен Велс.

Меѓутоа, за време на сведочењето, Пол ја обвини својата наводна доминантна сопруга и рече дека таа има желба да е во врска со мали деца. Тој на судењето изјави дека тогаш беше невработен, дека земаше големи количини на дрога и дека е потчинет на сопругата која е доминантна страна во врската, а тој само ги слушаше нејзините желби.

Форензичкиот психолог Кристофер Ленингс рече дека е можно сопругата на Пол да „има желба за тоа сексуално отстапување“ и дека Бамфорт само ги исполнува нејзините желби и дека е „збунет и амбивалентен“ во врска со признавањето на сексуалните злосторства.

Би можело да ве интересира

Австрискиот канцелар добива смртни закани

Австрија бара регистрација на сите имами во ЕУ

Австрија, Хрватска и Словенија за европска перспектива на Балканот

Наум Локоски

Курц: Да се затвори медитеранската маршрута, според примерот на балканската

Наум Локоски

Австралиски авиони ги изведоа првите воздушни напади врз позициите на ИД во Сирија

Ана Ололовска