Австрискиот канцелар добива смртни закани

Од:

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц и вработени во неговиот кабинет добиваат смртни закани. По заострувањето на политичката ситуација во земјата по објавата дека против Курц е покрената истрага за наводни лажни изјави пред истражниот комитет во врска со случајот „Ибица“ заканите зачестиле.

Последната ваква закана дошла како разгледница на кое непознато лице се заканува со убиство на Курц.

Исто така искажувањето солидарност со Израел предизвика лавина реакции и закани кон Курц и неговиот тим испратени на мејл. Во нив се вели „Треба да бидете убиени, пријатели на Евреите“.

Властите ја истражуваат секоја закана стигната во кабинетот на премиерот и се обидуваат да откријат од кого е испратена. Од полицијата велат дека критиките се важни за демократијата во земјата, но дека ваквите закани се кривично дело.

Би можело да ве интересира

Курц чека дете, се пофали на Фејсбук

Жарко Настоски

Курц: Не сме обединети во надворешната политика – тоа ја слабее ЕУ

Жарко Настоски

Заев-Курц: Имаме заедничка обврска да обезбедиме европска иднина за Западен Балкан

Жарко Настоски

Курц по средбата со Заев: Северна Македонија заврши одлична работа на европскиот пат

Жарко Настоски

ВИДЕО: Курц свечено ги испрати Австријците на ЕВРО

Катерина Павлова-Николовска

Курц: Пандемијата ги покажа слабостите на ЕУ