Австралиски авиони ги изведоа првите воздушни напади врз позициите на ИД во Сирија

Од:

Австралиски воени авиони го изведоа првиот напад врз позициите на Исламска држава во Сирија, соопшти денеска австралискиот министер за одбрана, Кевин Ендрјус.

Ендрјус, како што пренесува Танјуг, изјави дека во нападот е уништен еден оклопен транспортер на џихадистите.

– Нападот, што го изведоа два авиона од типот „хорнет“ на кралските воздухопловни сили на Австралија, претставува продолжение на борбата против Исламска држава, не само на северот од Ирак, туку и на истокот од Сирија со цел да се елиминираат борците на оваа екстремистичка организација, додаде Ендрјус.

Тој прецизираше дека нападот се случил пред два дена, пренесоа западните агенции.

САД, Канада, Турција и заливските земји веќе изведуваат воздушни напади врз позициите на екстремистите од Исламска држава во Сирија. Франција врши извидувачки летови и се подготвува за првите напади, наведуваат француските медиуми.

Австралискиот премиер Тони Абот минатата недела најави дека Канбера наскоро ќе се приклучи кон воздушните напади на коалициските сили врз позициите на Исламска држава во Сирија.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град