Еден млад маж е убиен од тигри во зоолошката градина во данскиот главен град Копенхаген, соопшти данската полиција.
Mажот претпладнево го нашле чуварите во зоолошката градина. Според полицијата, тој најверојатно самиот се прекачил преку оградата и влегол во просторот каде што се наоѓаат тигрите.
„Но, нејасно е дали тоа го направил свесно или несвесно. Моментно ги испитуваме околнистите“, рече полицискиот комесар Хенрик Орие.
Тигрите го нападанале мажот, кој е роден во 1991 година, така што го гризеле по нозете, лицето и вратот.