Поповиќ: Русите го одобрија производството на вакцината „Спутник В“ во Србија

Од:

Рускиот Институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ го потврди квалитетот на вакцината произведена на белградскиот Институт „Торлак“ и го одобри производството на вакцината „Спутник В“ против коронавирусот во Србија.

Србија на тој начин ќе стане првата земја во Европа што ќе ја произведува вакцина „Спутник В“, соопштено е на состанокот што во Москва денеска го одржаа министерот во Владата на Србија Ненад Поповиќ и директорот на институтот „Гамалеја“, Александар Гинтсбург.

Министерот Поповиќ потсети дека минатиот месец бил испратен серијалот на вакцината од „Торлак“ на Институтот „Гамалеја“ на тестирање .

-Институтот „Гамалеја„ потврди дека вакцините произведени во „Торлак“ ги исполнуваат пропишаните стандарди за квалитет. Денеска ја добивме таа потврда од нашите руски партнери и добивме одобрение да продолжиме со производството, изјави Поповиќ, соопштија од неговиот кабинет.

Тој посочи дека во следните две недели очекува од Русија во Србија да пристигне значително количество на супстанца за производство на двете компоненти на вакцината Спутник Ве.

-Многу скоро, Србија ќе има доволно вакцини за целосно да ги покрие своите внатрешни потреби и ќе разговараме со претседателот Вучиќ каде треба да се испраќаат вакцините надвор од границите на Србија, со цел да им помогнеме на нашите партнери во регионот и Европа во борбата против коронавирусот, кажа Поповиќ.

Директорот на институтот „Гамалеја“, Александар Гинтсбург,изрази задоволство од одобрувањето на валидационите серии на вакцините произведени во „Торлак“.

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски