Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

Од:

Во Белград денеска ќе се одржи вториот ден од собирот „Не ја даваме Србија“ по повод основањето на национално движење првично наречено Движење за народот и државата, на кој ќе зборува претседателот на државата, Александар Вучиќ.

Програмските активности почнуваат во 13 часот додека централниот собир ќе биде пред Парламентот во 19:00 часот.

За време на тридневната манифестација, како што е најавено ќе се одржи културно-забавна програма заедно со промоција на политички идеи и барања.

Првиот ден од тридневниот митинг „Не ја даваме Србија“ почна вчера со дефиле на знамиња, кога беше претставено српско знаме долго 200 метри, кое заедно со граѓаните го донесе претседателот Александар Вучиќ.

Вучиќ на 8 април ги повика граѓаните на овој собир, што ќе трае до утре во име на новооснованото „Движење за народот и државата“.

Собирот се одржува во ек на неколкумесечни масовни протести организирани од студентите кои ги блокираат државните универзитети со барање да се утврди одговорноста на властите за смртта на 16 лица кога се урна бетонска настрешница на железничката станица во Нови Сад.

Вучиќ најави дека на собирот ќе се утврдат барањата „што се усогласени со Уставот“. „Барања што се сериозни и ја претставуваат волјата на одговорните луѓе во нашата земја, волјата на мнозинството во Србија“, порача Вучиќ во објавата на Инстаграм.

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ изјави претходно, дека Александар Вучиќ на тој собир ќе изнесе пет барања до институциите.

Како што е најавено, граѓаните ќе можат да му оставаат писма, разгледници и предлози на претседателот на државата за тоа како треба да изгледа идното движење за народот и државата. Исто така, ќе може и на т.н. гласачки ливчиња да се изјаснат и за името на движењето, кое до 28 јуни (Видовден) треба да го добие официјалното име.

„Народот ќе одлучи за името, ќе има можност да го направи тоа и в недела, бидејќи ќе имаат таканаречени гласачки ливчиња за да го напишат својот предлог. Има седум или осум предлози за името на движењето. Потоа повторно на долга дебата и гласање. Се треба да заврши на 28 јуни на Видовден“, рече претходно Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Распишани се изборите во Србија на 25 октомври

A1on

БиХ го повлекува персоналот од Амбасадата во Белград: Односите со Србија ги сведуваме на минимум

A1on

(ВИДЕО) Телото на Ратко Младиќ пречекано со воени почести, на погребот се очекуваат десетици илјади граѓани

A1on

Србија ја прегази Грција и стигна на чекор до финалето на Европското првенство

Марта Кос со порака до Србија за погребот на Ратко Младиќ: „Се надевам дека знаат што ризикуваат“

Поради кавга заради гласна музика, синот го претепа и го запали својот татко во креветот

А1он