Медведев со „дрва и камења“ по Мерц: Размисли двапати нацисту!

Од:

Заменик-шефот на рускиот совет за безбедност Дмитриј Медведев го нарече нацист новиот германски канцелар Фридрих Мерц поради, како што рече, идејата за напад на мостот на Крим.

Ова мислење беше изразено на платформата Х.

„Кандидатот за канцелар Фриц Мерц е прогонуван од сеќавањата на неговиот татко кој служел во Хитлеровиот Вермахт. Сега Мерц предлага удар на мостот на Крим. Размисли двапати, нацисту!” – напиша рускиот политичар.

Претходно, лидерот на германските конзервативци Фридрих Мерц, кој во мај треба да биде на чело на новата германска влада, дозволи испорака на крстосувачки ракети Таурус во Киев под услов трансферот на ова оружје да биде договорен со партнерите во Европската унија.

Тој истакна дека украинската армија е во одбранбен режим, но, според него, треба да има способност да ги погоди патиштата за снабдување на руските сили.

Во овој контекст тој особено го спомена Кримскиот мост, пишува руската агенција ТАСС.

Киев долго време бара од Берлин ракети Таурус. Тие се сметаат за аналогни на британските „Storrm Shadows“, кои веќе се испорачани во Украина, но дострелот на германско-шведските ракети е поголем.

Би можело да ве интересира

Русија се соочува со воен, економски и стратешки неуспех, порача Макрон пред средбата со Зеленски, Стармер и Мерц

Катерина Ѓуровски

Мерц ѝ порача на Србија: Мора да одлучите на која страна сакате да бидете

А1он

(ВИДЕО) Мицкоски се сретна со Макрон и Мерц: Исклучително сум задоволен

Катерина Ѓуровски

Љубопитни сме да дознаеме повеќе на претстојниот Самит во Тиват, вели премиерот за предлогот на Мерц

Катерина Ѓуровски

Медведев: ЕУ одбива да ги евакуира амбасадите во Киев, веројатно имаат вишок персонал

А1он

Муцунски и Мицкоски да се огласат по предлогот на Мерц, бара Левица

Катерина Ѓуровски