Мерц предупредува на пораст на антисемитизмот во Германија

Од:

Канцеларот Фридрих Мерц изјави дека Германија се соочува со тест за својата посветеност кон заштитата на еврејската заедница.

Тој ја опиша глетката на градинки и синагоги, чувани од вооружена полиција зад стакло отпорно на куршуми, како „застрашувачка“, пренесува „Ројтерс“.

Мерц го изјави ова во говор во синагога во Минхен, на годишнината од погромот „Кристална ноќ“ (K istall acht) во 1938 година, настан што послужи како вовед во Холокаустот и нацистичкото истребување на повеќе од шест милиони европски Евреи. Тој истакна дека антисемитизмот станал „сеприсутен“.

„Го гледаме и го слушаме на нашите улици, во нашите градови, во градовите на нашите европски соседи и низ целиот свет – во парламентите, клубовите и училиштата“, рече Мерц. „Токму затоа, ова е момент на вистината за паролата ’Никогаш повеќе‘, на која толку често се повикуваме“, додаде тој.

Тој најави дека неговата влада ќе стори сè што е во нејзина моќ за да го заштити еврејскиот живот, како во Германија, така и во странство.

Исто така, ја потврди долгогодишната поддршка на Германија за Израел, нагласувајќи дека таа е „дел од нашата историска одговорност“.

Слични ветувања во врска со заштитата на еврејските институции и борбата против антисемитизмот во последните години дадоа и претходниците на Мерц, Ангела Меркел и Олаф Шолц.

Според годишниот извештај на организацијата RIAS, бројот на антисемитски инциденти драстично се зголемил од почетокот на војната во Газа во 2023 година.

Минатата година биле евидентирани 8.725 такви инциденти – повеќе од тројно во споредба со бројката од 2022 година – што изнесува просек од 24 случаи дневно.

Би можело да ве интересира

Мерц: Русија се плаши од демократија, го потценуваат руското влијание врз нашите општества

А1он

Мерц: Ги поддржувам украинските напади врз руските енергетски постројки

А1он

Мерц го призна дебаклот: Резултатот е катастрофа, ЦДУ е згмечена меѓу СПД и АфД

А1он

Според 78 отсто од Германците, Мерц не е вистинската личност за канцелар

А1он

„Политико“: АфД пред историска победа – Мерц се соочува со „политичко понижување“

Мерц: Европа и САД го усогласија својот став за Украина