Мерц го призна дебаклот: Резултатот е катастрофа, ЦДУ е згмечена меѓу СПД и АфД

Од:

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ѝ се обрати на јавноста откако пристигнаа првите резултати од покраинските избори во Германија.

Обраќањето на Мерц доаѓа во време на голем политички притисок врз канцеларот и ЦДУ. Пред две недели, партијата претрпе тежок пораз на изборите во Саксонија-Анхалт, каде што АфД освои речиси 44 отсто од гласовите, додека ЦДУ падна на околу 17 отсто. Потоа, се интензивираа дискусиите за политичката иднина на Мерц.

Денес се одржуваат и избори во Берлин и во Мекленбург-Западна Померанија, кои германските медиуми ги опишуваат како нов важен тест за Мерц.

„Билд“ наведува дека канцеларот ги поканил партиското раководство и сите осум премиери на сојузните покраини од редовите на ЦДУ во седиштето на партијата во 17 часот.

И покрај шпекулациите за неговото заминување, сите осум покраински премиери од ЦДУ пред неколку дена јавно го поддржаа Мерц и ги отфрлија дискусиите за промена на раководството на партијата и на владата.

„Не можеме да го разубавуваме резултатот во Мекленбург-Западна Померанија, тоа е катастрофа“, рече Мерц.

Тој потсети дека ЦДУ постигнала различни резултати во текот на годината. Истакна дека партијата станала најсилна политичка сила и по 35 години повторно ја презела одговорноста за водење на владата со Гордон Шнидер како премиер, додека покраинските избори во Саксонија-Анхалт ги опиша како длабок рез и најтежок изборен пораз на ЦДУ во последните години.

На локалните избори во Хесен и Долна Саксонија, рече тој, ЦДУ повторно била најсилна партија.

Зборувајќи за денешните избори, Мерц нагласи дека резултатите во двете покраини се многу различни.

„ЦДУ се бореше, но на крајот беше прегазена во стегата меѓу СПД и АфД“, рече тој за резултатот во Мекленбург-Западна Померанија.

За Берлин рече дека Штефан Еверс ја презел улогата на главен кандидат во многу тешка ситуација и веднаш влегол во изборната кампања.

„Со целосен ангажман и голема посветеност, тој ја доведе ЦДУ до солиден резултат“, рече Мерц и им се заблагодари на сите што воделе кампања за партијата во текот на годината.

Тој додаде дека многумина го сториле тоа во многу тешки услови, „и затоа што немаше ветер во грб од Берлин“.

Потоа Мерц го прошири својот говор на ситуацијата во Германија.

„Без оглед на различните изборни резултати, сите сме загрижени за иднината на нашата земја“, рече тој.

Според него, Германија е земја што станала премногу комплицирана, со економија што минува низ длабока трансформација и општество во кое тонот на меѓусебната комуникација е сè поостар и непомирлив.

Би можело да ве интересира

Според 78 отсто од Германците, Мерц не е вистинската личност за канцелар

А1он

„Политико“: АфД пред историска победа – Мерц се соочува со „политичко понижување“

Мерц: Европа и САД го усогласија својот став за Украина

Русија се соочува со воен, економски и стратешки неуспех, порача Макрон пред средбата со Зеленски, Стармер и Мерц

Катерина Ѓуровски

Мерц ѝ порача на Србија: Мора да одлучите на која страна сакате да бидете

А1он

(ВИДЕО) Мицкоски се сретна со Макрон и Мерц: Исклучително сум задоволен

Катерина Ѓуровски