Абас со повик до САД: Да се запре израелската агресија за работите да не излезат од контрола

Од:

Претседателот на палестинската самоуправа Махмуд Абас ги повика САД да интервенираат и да ја запрат израелската агресија на Западниот брег и Појасот Газа, соопшти неговиот кабинет.

„Претседателот ја повикува американската администрација итно да интервенира за да се запре израелската агресија за работите да не излезат од контрола“, се вели во соопштението.

Абас ги оквалификува израелските напади, во кои досега беа убиени повеќе од 100 Палестинци, „брутални и планирани убиства извршени од израелски окупаторски сили“.

Американската администрација на претседателот Џозеф Бајден го извести Конгресот дека ќе испрати 10 милиони долари финансиска помош за Палестинците за унапредување на мирот со Израел, и покрај жестокиот конфликт меѓу двете страни.

Помошта ќе им биде дадена помош на палестинските групи на Западниот брег и Газа да помогнат во проектите за соработка и помирување со Израелците.

Стејт департментот соопшти дека сумата е дел од многу поголем износ од 100 милиони долари одобрена од американската администрација за Палестинците на почетокот на годината, со што се откажа скоро целосно укинување на поддршката за време на мандатот на Доналд Трамп.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“