Палестинците ги напуштаат населбите во близина на Појасот Газа поради израелските напади

Од:

Палестинците кои живеат покрај северната и источната граница на Појасот Газа почнале денеска да ги напуштаат своите домови поради жестоките израелски бомбардирања.

Палестинските семејства настојуваат да се заштитат во времени засолништа во Појасот Газа додека траат артилериските напади во северниот дел на Газа со цел да се уништи мрежата на тунели кои ги ископале екстремистите.

Тие напади би можеле да претходат на потенцијална копнена операција.

Семејствата заминувале со камиони и пеш до училиштата со кои раковадат ОН, носејќи со себе цела покуќнина.

Во воениот извештај е наведено дека 160 авиони симултано извршиле синоќа напади врз тунелите ископани под Појасот Газа и тоа е најголемиот удар од почетокот на судирите во понеделникот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вечерва силно ќе удриме на Блискиот Исток најави Израел

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Терористички напад во Тел Авив, шестмина мртви

ВИДЕО: 80 проценти од ракетите ја погодија целта тврди Иран, Израелците велат нема извештаи за повредени

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иран го потврди нападот на Израел: Ова е одмазда за убиствата на Ханија и Насрала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Иран го нападна Израел

Катерина Ѓуровски

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски