СДСМ: Со шестиот пакет мерки обезбедуваме силна поддршка за туристичко-угостителскиот сектор

Од:

Како дел од Шестиот пакет економски мерки, објавени се седум јавни повици за финансиска поддршка за угостителскиот и туристичкиот сектор, кои се однесуваат на туристичките агенции, туристичките водичи, естрадните уметници, компаниите организатори на настани, игротеките, приватните детски одморалишта, кабареа, ноќните и диско клубови и свадбените ресторани велат од СДСМ во соопштение.

„Со првите два повици опфатени се естрадните уметници и туристичките водичи, кои во изминатата 2020 година оствариле просечен месечен нето приход понизок од 15.000 денари, а финансиската поддршка ќе биде во нето износ од 30.750 по лице. Понатаму, за компании – оператори од индустријата за организација на настани, агенции кои организираат настани, за регистрирани игротеки и приватни детски одморалишта, за лиценцирани вршители на угостителска дејност кабаре, ноќен бар, дискоклуб и дискоклуб на отворен простор, за регистрирани и категоризирани ресторани за свадби и за лиценцирани туристички агенции, основа за пресметка на поддршката ќе се земаат просечните месечни приходи остварени во 2019 година, а висината на поддршката ќе изнесува 30% од просечниот месечен приход. Дополнително, според бројот на ефективни работни часови, со пресек на 31.12.2020 година, секој регистриран активен субјект ќе добие финансиска поддршка во износ од 15.200 денари по вработен“ – се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ се држи до суштината, правда наместо привилегии, солидарност наместо страв

СДСМ го одржува 32. Конгрес

СДСМ: Мицкоски рутинска работа ја претставува како дипломатска победа

Обвинителот Савески да го викне Панче Тошковски да ги достави доказите за „Мазут“, бара СДСМ

СДСМ: Додека Кошта ја кажува вистината за ЕУ, власта отвора предмет за Богоев

СДСМ бара нови избори во Карпош, Мицкоски вели боледувањето на Лукровски било лична работа

Катерина Ѓуровски