Двајца затвореници го силувале „цимерот“ во ќелија во „Идризово“

Од:

Затвореник од Велес пријавил во полиција дека бил силуван од негов „цимер“ во ќелијата во затворот „Идризово“ пред околу две недели, а на насилникот во нападот му помогнал третиот затвореник, со кого исто така ја делелe ќелијата, соопшти МВР.

„На 09.05.2021 во 16.05 часот 33-годишен затвореник од Велес пријавил дека на 27.04.2021, околу полноќ, во Казнено-поправната установа „Идризово“, со помош на Д.П.(27) од Скопје, Р.Е.(36) од Битола (исто така затвореници) извршил обљуба врз него“, велат од полицијата во соопштение. Според пријавеното, тој бил сместен во иста ќелија со сторителите.

Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на сексуалниот напад.

Би можело да ве интересира

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје

(ВИДЕО) За да се избегнат грешки при испраќање на казните од „Безбеден град“, возачите ќе добиваат код

Малолетник од Гостивар осомничен за силување на својата помала сестра

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за маж од Скопје кој три години силуваше малолетно дете и го снимаше

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за гостиварецот осомничен за силување на 14-годишно девојче

Катерина Ѓуровски

МВР: Лажна е дојавата за поставени бомби во трговски центар во Скопје

А1он