Роналд Куман го сподели своето мислење за неговата иднина во тимот пред натпреварот против Леванте во рамките на 36. коло од шпанскиот шампионат. Холанѓанецот е уверен дека ќе остане во каталонскиот клуб и следната сезона.
– Претседателот на Барселона ја изрази својата доверба во мене уште од првиот ден. Не мора да се грижам за својата иднина во клубот. Кога дојдов во клубот, потпишав двегодишен договор, па се гледам себеси како ментор на Барселона следната сезона. Кога ќе заврши, ќе разговараме за понатамошните активности со претседателот. Сега завршницата во Ла Лига е поважна од мојата иднина.
Разговорот за можна оставка не е само за мене. Ова се случува со сите тренери. Не можам да контролирам разговори во медиуми, секој има свое мислење и не е на мене да го променам. За две недели ќе има време да се зборува за иднината, изјави Куман за „Мундо Депортиво“.
Куман беше назначен за главен тренер во август 2020 година. Оваа сезона Барселона е на третото место во Шпанското првенство со 75 бода. Екипата заостанува два бода зад лидерот Атлетико Мадрид.