Apple кога дизајнира уред со „S“ ознаката, тоа значи дека има мали промени и оптимизации од претходникот. Истото правило ќе важи и за iPhone 5s.
Новиот модел можеби ќе ги разочара фановите на Apple, но сепак промените во формата и во дизајнот се очекуваат кај iPhone 6 изданието.
Подобрениот модел најверојатно ќе го поседува истиот Retina екран, подобар процесор/графичка во комбинација со iOS 7. Продажбата се очекува да започне во октомври или ноември оваа година.