Челзи и Сити заинтересирани за Левандовски, Баерн сака најмалку 60 милиони евра за него

Од:

Фудбалерот на Баерн, Роберт Левандовски може да ги смени клубовите во текот на летниот преоден рок. Според „ЕСПН“, повикувајќи се на свои извори, Челзи и Манчестер Сити го сакаат во своите редови 32-годишниот напаѓач. За Баерн да се согласи да ги започне преговорите за трансфер на Полјакот, финалистите од Лигата на шампионите мора да понудат најмалку 60 милиони евра.

Интерес за напаѓачот покажува и ПСЖ, но сите постапки на парижаните на трансфер пазарот зависат од иднината на напаѓачот на тимот Килијан Мбапе.

Левандовски допрва треба да одлучи во кој клуб сака да игра следната сезона. Тој сакаше да ја заврши кариерата во Баерн, но интересот од клубовите во Премиер лигата може да го принуди да се предомисли.

И Челзи и Манчестер сити бараат центарфор. Лондонскиот клуб сака да ја засили оваа позиција поради неубедливиот настап на Тимо Вернер оваа сезона, додека „граѓаните“ имаат намера да го заменат Серхио Агуеро, кој ќе замине на лето. Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола веќе соработуваше со Левандовски кога беше тренер на Баерн.

Актуелниот договор на фудбалерот со клубот од Минхен истекува во летото 2023 година. Левандовски постигна 36 погодоци и направи шест асистенции на 26 натпревари во Бундеслигата оваа сезона.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Левандовски подобри рекорд од 1969 година

Левандовски во клубот 100

Предраг Петровиќ

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска