Шефот на данската дипломатија Кофод очекува Македонија што поскоро да почне преговори за членство во ЕУ

Од:

Импресионирани сме од темпото со кое се одвиваат реформите во Северна Македонија и со нетрпение очекуваме што поскоро да почнат преговорите за членство на земјата во ЕУ, наведе на неговиот твитер-профил министерот за надворешни работи на Данска, Јепе Кофод, по вчерашната средба со македонскиот колега Бујар Османи.

– Импресионирани сме од темпото со кое се одвиваат реформите во Република Северна Македонија. Со нетрпение очекуваме да се отворат пристапните преговори со ЕУ што поскоро. Добар пример за регионот, посочува Кофод во објавата.

Кофод, средбата со Османи ја оценува како плодна, нагласувајќи дека со „добриот колега имале конструктивен дијалог за геополитиката на Западен Балкан“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Потпишан договорот за Гренланд: САД добиваат бази, територијален интегритет на Данска

ВИДЕО: Што значи договорот на САД и Данска за Гренланд

Данска: Откриени конкретни подготовки за руска саботажа

Порака за Трамп: Гренланд „не е на продажба“, Данска е подготвена да го брани „секој сантиметар“

Горан Наумовски

Мете Фредериксен повторно ќе ја предводи данската влада

Катерина Ѓуровски

Фредериксен: Европа не е подготвена за конфликт со Русија