ЕУ се грижи за Северна Македонија и за Западниот Балкан, вели Вархеји

Од:

Ве уверувам дека ЕУ се грижи и ги поддржува Северна Македонија и Западен Балкан од самиот почеток на пандемијата. Ова е само почеток и ќе продолжиме да бидеме покрај вас, порача еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји во СЦ „Борис Трајковски“ по предавањето на првите дози вакцини против Ковид-19 обезбедени од Европската унија.

– Ова е добар ден за Западен Балкан и за Северна Македонија. Конечно можеме да ги испорачаме првите вакцини.Денеска сме горди да објавиме дека близу 120 илјади вакцини за Северна Македонија ќе бидат испорачани до крајот на август. Тоа е подарок од ЕУ за Северна Македонија за да ја преброди пандемијата. Се надевам дека целосно ќе го заокружиме процесот на вакцинација. Бидејќи не сме безбедни додека сите не се безбедни, рече Вархеји.

Посочи дека не било лесно да се обезбедат вакцините и искажа голем благодарност до Владата на Австрија.

Австриската министерка за Европа Каролине Едштадлер, рече дека е среќна што Австрија и ЕУ успеале да обезбедат 650 илјади вакцини за Западен Балкан, од кои речиси 120 илјади се за С Македонија.

Едштадлер истакна дека пандемијата се уште не е готова, но денешниот ден е ден на надеж дека наскоро ќе биде надмината.

– Вакцинацијата ќе го смени текот на пандемијата, ќе го намали товарот врз медицинските работници и здравсвениот систем. Ова е гест на посветеност на Австрија и ЕУ кон Западен Балкан. Австрија се залага регионот да биде во центарот на надворешната политика на ЕУ и затоа ќе продолжи да дава поддршка во тој контекст. Се надевам дека наскоро ќе можеме да се вратиме во нормала. Само со заеднички сили можеме да и ставиме крај на пандемијата, рече Едштадлер.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он